Големо невреме го зафати јужниот дел од Србија

 

На југоистокот од Србија за викендот имаше страшно невреме кое траеше скоро 48 часа. Силен ветер и град со димензии на лешник и орев причинија големи штети во младите овоштарници, пластеници и постари објекти.

Зафатени земјоделски области од ова невреме беа во Јабланичката и Пчињската околина.

Во општината Лебане, каде што има најголеми произведувачи на домати и каде што се одржува традиционалниот “Парадајз фест” или фестивалот на доматот, невремето причини штети. Оваа година биле засадени околу 4 милиони садници на домат во таа област и поради моменталната состојба можно е фестивалот да биде откажан.

Во Грделичката клисура паднатиот град имал димензии на кокошкино јајце и голем дел од крововите на складиштените капацитети за жито биле уништени.

Во текот на оваа недела со помош на  тешка механизација ќе бидат расчистени патиштата и надлежните комисии ќе извршат прва процена на предизвиканите штети.

 

Извор: agromedia.rs

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Јазик